C# апликација
Budget: $250 – $750 USD
Здраво,
Ние сме компанија од Скопје, специјализирана во областа на мерна техника во градежништвото. Имаме работна верзија на апликација напишана во C# која врши анализа на податоци добиени од мерења на вибрации.
Состојба на апликацијата:
- Апликацијата е во работна состојба веќе неколку години, без големи интервенции. Технолошки апликацијата, во овој обем, исправно си ја врши својата работа без багови.
- Математичките обработки се спакувани во dll датотеки. Истите во моментов немаат потреба од измени или дополнувања, односно ќе останат во целост неизменети во првата фаза.
- Интерфејсот е напишан во C# поддржан со:
o Форма (Telerik),
o график, (SciChart)
o 3Д график (devDept Eyeshot)
o Генерирање на PDF репорт.
(Ова е делот каде што сакаме да направиме измени во оваа фаза.)
Во оваа фаза, по приоритет, имаме потреба од неколку доработки и измени:
- Изработка на нова форма која ќе генерира текстуален фајл за потребата на геометријата, кој во моментов го генерираме рачно во Notepad. Истото треба да се направи со внесување на параметри од страна на корисникот и нивен графички приказ. Апликацијата во моментов го визуелизира рачно припремениот текстуален фајл. Во оваа изработка треба да се направи и вчитување на фајлот во веќе работниот дел на апликацијата.
- Error Handler на постоечките функции. Во моментов корисникот нема добра информација за погрешно внесените вредности.
- Промена на типот на X оската на временскиот график. Во моментов го покажува времето во секунди (Number) почнувајќи од 0, а треба да го прикажува вистинското време (Date/Time).
- Нова модална форма за избор на содржини (check boxes) кои ќе бидат генерирани во репортот.
Првата фаза е итна, а доколку воспоставиме добра соработка, потоа ќе имаме потреба од поголема интервенција на апликацијата и евентуално нејзино преработување за на Cloud (како поддршка на нашите останати делови од системот).
Доколку сте заинтересирани за соработка ќе ве замолам за што побрз одговор бидејќи сакаме да ја завршиме оваа фаза во најбрз можен рок.